Трагедијата е потсетник дека само заеднички можеме да ја надминеме секоја природна и човечка катастрофа, вели шефот на државата
Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес од 1963 – та, пишува претседателот Стево Пендаровски во пораката на социјалните мрежи објавена по повод 59 години од катастрофалниот земјотрес во главниот град.
„Оваа незаборавна трагедија е потсетник дека најважна е нашата безбедност и дека само заеднички можеме да ја надминеме секоја природна и човечка катастрофа“,
вели Пендаровски.
Катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963 година се случи во 5:17 часот со јачина од шест степени според Рихтеровата скала со епицентар на плоштадот „Македонија“. Во земјотресот беа урнати 15 800 стана, а оштетени 28 000 стана. Поради земјотресот, над 200 000 луѓе остана без покрив над глава, 1 070 лица го загубија животот под урнатините, а 3 000 беа повредени.