На средбата се разговарало за актуелните состојби и европските перспективи на земјите од Западен Балкан, за реформските процеси што се одвиваат, како и за политичките и економските текови во регионот во контекст на геополитичките случувања
Неопходност од брза реализација на стратегиските одлуки во однос на политиката на проширување и интегрирање на Западниот Балкан во Европската Унија во интерес на безбедноста, стабилноста и напредокот на регионот и истовремено одржување на кредибилитетот на ЕУ е она што лидерите на Западен Балкан го укажале на вчерашната средба со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.
На средбата присуствуваше и претседателот Стево Пендаровски, а од неговиот кабинет информираат дека на средбата, која се организираше во рамки на 78. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, се разговарало за актуелните состојби и европските перспективи на земјите од Западен Балкан, за реформските процеси коишто се одвиваат, како и за политичките и економските текови во регионот во контекст на геополитичките случувања.
Соговорниците, информираат од кабинетот на Претседателот, размениле информации и околу мерките и активностите што се преземаат во рамки на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како одговор на руската воена инвазија врз Украина.
Потпретседателот на Европската Комисија, Борел на платформата „Икс“ објавувајќи видео од средбата напиша „Традиционална средба со нашите шест партнери од Западен Балкан, идните членки на ЕУ“.
„Разговаравме за актуелните глобални предизвици, усогласувањето, заедничката работа на мултилатералните форуми и реформите. Подготвувајќи се за следниот бран на проширување, сакаме да ја направиме прогресивната интеграција реалност“,
пишува Борел.
Traditional meeting with our six Western Balkan partners, the future members of the EU
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) September 20, 2023
We discussed current global challenges, alignment, working jointly in multilateral fora, and reforms
Preparing for the next enlargement wave, we want to make progressive integration a reality pic.twitter.com/01OP5BDfpX