Можно е владата, објасни Пендаровски, без да прогласува вонредна состојба да го ограничи движењето на граѓаните од една во друга општина, внатре во нашите граници, така што не би требало да се врзуваме за името на состојбата во која сме, бидејќи и досегашните мерки, како што рече, се прилично ригидни и ригорозни
Општ заклучок е дека не е потребно да се избрзува со повисоко ниво на состојба како кризна или вонредна, бидејќи опасност не постои, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски на прес-конфренцијата по седницата на Националниот совет за безбедност.
Ова, според Пендаровски е клучниот заклучок од денешната седница, а според него за тоа има две причини: нема потреба да се избрзува со таква одлука и нема потреба бидејќи институциите деноноќно ја следат ситуацијата, а кризата ќе трае, поради што резурсите со кои располага државата треба да се користат рационално.
„Можно е и во рамки на овој правен контекст и оваа правна рамка која сега ни е дадена во која сме денеска, да се воведат уште неколку дополнителни, рестриктивни мерки со кои ќе се ограничи движењето на граѓаните“,
рече Пендаровски.
Можно е владата, објасни Пендаровски, без да прогласува вонредна состојба да го ограничи движењето на граѓаните од една во друга општина, внатре во нашите граници, така што не би требало да се врзуваме за името на состојбата во која сме, бидејќи и досегашните мерки, како што рече, се прилично ригидни и ригорозни.
Одлуката е донесена врз основа на она што пред Советот го реферирал министерот за здравство Венко Филипче кој беше повикан на седницата, и врз основа на податоците што тој ги кажал, оценето е дека состојбата во однос на спречување на ширењето на коронавирусот.
Во име на Советот Пендаровски апелираше до граѓаните да ги почитуваат стриктно сите мерки што се на сила.
Исто така апелираше да не се патува без потреба надвор особено во земји со висок и среден ризик. Апел упати и до нашите државјани кои работат надвор, без голема потреба да не се врааќаат во земјата иако имаат право, но како што рече секој трансфер преку граница и тероторија е можност да се дојде во контакт со заразени и несакајќи и незнаејќи да го рашират вирусот.
Советот за безбедност ќе ја следи состојбата 24/7 и по потреба ќе се состанува секојдневно, но и повеќепати дневно.
Заклучокот на Советот во врска со општините Центар Жупа и Дебар каде веќе два дена на сила е вонредна состојба, е дека има одлична соработка меѓу МВР, Армијата и локалната власт.
Посебно принзнание, рече Пендаровски треба да им се оддаде на граѓаните на овие две општини кои ги применувата сите мерки кои се на сила.
Филипче, рече Пендаровски го презентирал и целиот план за распоредување на здравствените работници на цела територија и заклучокот е дека станува збор за максимална мобилизација на здравствениот кадар низ цела држава.
„Заклучокот за целоупната состојба на Советот за безбедност за ширењето на коронавирусот е дека поставеноста на државата во овој момент е адекватна на ризиците на кои сме изложени за што има признание и од СЗО, дека нашата земја најдобро и најдослдено ги имплементира мерките. Според вечерашните проценки нема потреба за прогласување кризна или вонредна состојба во други региони или на територијата на целата држава“,
рече Пендаровски.
Вечерва седница одржува и владата, а за утре напладне е најавена лидерска средба кај претседателот на државата.
*Поврзани вести
Пред да влезат состанокот кај Пендаровски: На учесниците им беше мерена температура (ФОТО+ВИДЕО)
Пратениците ќе се состанат да ја поништат одлуката за самораспуштање?