Нејзината изјава следува откако претходно денеска Судскиот совет ги отфрли како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупцијата за непостапување, „па дури и за прикривање“ на предмет во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а кои во петокот на прес-конференција со останатите членови на Комисијата ги изнесе првата антикорупционерка Билјана Ивановска
Откако Судскиот совет денеска ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да достави доказ оти претставката за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко навистина била примена во ова тело во 2018 година, од Антикоруписката комисија тврдат дека имаат доказ оти претставката е испратена и примена во Судскиот совет. Ова вечерва во емисијата „24 анализа“ го изјави Софка Пејовска-Дојчиновска од ДКСК.

„Не знам како да го искоментирам реагирањето на Судскиот совет, особено денешното. Дали е тоа начин само да се префрли топката – ‘еве не сме ние највиновните’. Зошто не сме ги прашале откако сме им ја доставиле претставката, дали си ја завршиле работата. Имаме доказ, имаме испратница од пошта дека сме ја пратиле претставката, а на прес-конференцијата што ја имавме за Мерко ја покажавме испратницата со потпис на Судскиот совет дека е примена“,
вели Пејовска-Дојчиновска.
Таа додаде дека кај антикорупционерите се создава впечаток оти на јавноста и на медиумите најлесно им е веднаш да се прозва ДКСК, но како што вели, Антикорупциската полиција не е дежурен стражар и полицаец за сè
„Ние сме пред сè превентивно тело. Тоа што го правиме за превенција се токму овие иницијативи. Некогаш е добро и ви влева чувство дека граѓаните и целокупната јавнос имаат доверба кон оваа иснтитуција и затоа и често ја позиваат, но неблагодарно е оти ДКСК не може на сè да даде одговор“,
додаде Пејовска-Дојчиновска од ДКСК.
Нејзината изјава следува откако претходно денеска Судскиот совет ги отфрли како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупцијата за непостапување, „па дури и за прикривање“ на предмет во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а кои во петокот на прес-конференција со останатите членови на Комисијата ги изнесе првата антикорупционерка Билјана Ивановска.
Од Судскиот совет не негираат дека при проверката во архивата било утврдено дека таква претставка воопшто не е заведена во електронскиот систем, но, истовремено ја повикуваат Антикорупциска да достави доказ дека претставката навистина била примена во Судскиот совет во 2018 година. Од Судскиот совет велат дека при проверката во архивата било утврдено дека таква претставка воопшто не е заведена во електронскиот систем и ја повикаа Антикорупциска да достави доказ дека претставката навистина била примена во Судскиот совет.
