До 19 часот и 30 минути вечерва партиите може да поднесат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори.
До Државната изборна комисија вчера пристигнале 82 приговора и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.
Според ДИК најголем број од приговорите – 74 се од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.
До 21 часот вчера траеше рокот за поднесување приговори за постапката на гласање.
По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе решава.