Мандатарот за состав на нова влада, Румен Радев, предлага кабинет од четири вицепремиери и 18 министри. Три од постојните министерства – за економија, иновации и електронско управување – треба да се реструктуираат во две
Народното собрание на Бугарија денеска се очекува да гласа за предлог-составот на новата влада на Румен Радев.

Бугарската в.д. претседателка Илијана Јотова вчера попладне му го предаде мандатот за формирање влада на Радев, чија партија Прогресивна Бугарија победи на неодамнешните избори во земјата. Прифаќајќи го мандатот, тој на Јотова ѝ го претстави предлог-составот на неговиот владин кабинет.
Мандатарот за состав на нова влада предлага кабинет од четири вицепремиери и 18 министри. Три од постојните министерства – за економија, иновации и електронско управување – треба да се реструктуираат во две.
„Новата структура се одликува со едно министерство помалку. Го правиме ова за да ја оптимизираме работата на владата и да обезбедиме подобри услови за бугарскиот бизнис и да ги забрзаме процесите на дигитализација, кои се важни за развојот на Бугарија како модерна земја“,
изјави вчера Радев.
Новоформираната партија Прогресивна Бугарија на поранешниот бугарски претседател Румен Радев освои најголем број пратеници на изборите одржани на 19 април – вкупно 131, што значи дека има апсолутно мнозинство во 240-члениот парламент и можност самостојно да формира влада.
