Папата Франциск ги отфрли информациите дека планира да се повлече и вели дека планира да ја посети Канада овој месец, а потоа се надева дека наскоро ќе замине за Москва и Киев
Во интервју за Ројтерс, во својата резиденција во Ватикан, папата ја коментираше ситуацијата во Украина и потврди дека има контакт меѓу државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во врска со можната посета на Папата на Москва.
Ниту еден папа досега не ја посетил Москва, а папата Франциск постојано ја осудува руската инвазија на Украина. Минатиот четврток тој ја обвини Русија за сурова и бесмислена агресија.
Кога првите прашања за ова стигнаа до Ватикан пред неколку месеци, папата рече дека сега не е вистинско време за посета на Москва, но даде дека ваквиот став може да се промени.
„Би сакал да одам во Украина, но сакав прво да одам во Москва. Разменивме пораки за тоа, бидејќи мислев дека ако рускиот претседател ми даде мал прозорец да му служам на мирот… И сега е можно откако ќе се вратам од Канада, да одам во Украина. Првата работа е да одам во Русија и да се обидам да помогнам на кој било начин, но би сакал да одам во двата главни града“,
заклучи папата.