Според лекарите, ќе му бидат потребни најмалку два месеци одмор во Ватикан

Папата Франциск првпат се појави во јавноста откако беше хоспитализиран. Тој денеска се појави на балкон од болницата „Џемели“ во Рим и даде благослов по првпат откако беше примен на лекување на 14 февруари.
Според лекарите, ќе му бидат потребни најмалку два месеци одмор во Ватикан.
Изминатите пет недели поглаварот на Римокатоличката црква помина низ две критични епизоди. Иако не е комплетно излечен, тој веќе нема пневмонија и ќе се врати на работа што е можно поскоро.
Голем број луѓе се собраа пред болницата во неделата, чекајќи да се појави папата.
„Кога го видов, да бидам искрен почувствував мало олеснување“,
изјави бискупот Лери Кулик од епархијата Гринсбург во американската држава Пенсилванија.
Папата претходно беше виден од јавноста само еднаш откако беше примен во болница, на фотографија објавена од Ватикан минатата недела, на која се гледа како се моли во болничка капела.