Пред ковид-19, доделувањето на Нобеловата награда последен пат беше откажано во 1956 година во знак на протест против советската инвазија на Унгарија
Церемонијата за доделување на Нобеловата награда и оваа година е откажана пораи паандемијата со ковид-19, а Нобеловата фондација објави дека лауреатите ќе бидат наградени во нивните земји.
„Сите сакаа да заврши епидемијата на ковида-19, но ние се уште не сме на ова место. Нобеловците ќе добијат награди и медали во своите земји и оваа година, исто како и минатата година“,
рече претседателот на Нобеловата фондација, Ларс Хајкенстен.
Церемонијата на доделување награди, која се одржува секоја година на 10 декември, минатата година беше откажана за прв пат по речиси 60 години поради пандемијата на новиот коронавирус.
Пред ковид-19, доделувањето на Нобеловата награда последен пат беше откажано во 1956 година во знак на протест против советската инвазија на Унгарија.
Церемонијата не се одржа за време на Првата и Втората светска војна.