Пожарот во Косел повторно се реактивира, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Тој утрово посочи дека пожарот на таа локација е под контрола и дека гори само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење на пожарот.
„Повторно се јавува проблем со пожарот во селото Косел, Охридско, поради јакиот ветер истиот и покрај тоа што имаат 100 гасначи распоредени на просторот им избегал од контрола и повторно се реактивира“,
соопшти директорот на ЦУК.