Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук-профил повика пациентите што оздравеле од ковид-19 да даруваат крв зашто нивната крвна плазма е драгоцена за оние што сега се борат со вирусот.
Тој вели дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19.
„Крвна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирус. Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!“
напиша Филипче.
„360 степени“ во јуни годинава анализираше дека мал е процентот на излекувани пациенти кои дарувале, иако ефектите кај болните се добри.
Поврзана сторија: (ВИДЕО) Слаб интерес кај излекуваните од ковид-19 за дарување крвна плазма: Ефектите кај болните се чинат добри