Триесет и осумгодишен маж е приведен откако полицијата му открила работилница за поправка на оружје во семејниот дом во село Љубин.
Како што инфомираат од Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден извршиле контрола на патничко возило „опел зафира“ управувано од 38-годишниот М.Ш. при што откриле 300 куршуми од различен калибар. Потоа со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом при што откриена е работилницата, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција.
М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, велат од МВР.