Фестивалот Октоберфест годинава нема да се одржи поради опасноста од ширење на ковид-19, соопштија властите во германската покраина Баварија.
Познавачите оценуваат дека откажувањето на светски познатиот фестивал на пивото ќе има огромно влијание на економијата на градот Минхен.
Обично, за време на фестивалот, најмалку шест милиони луѓе ја посетуваат Баварија.
Настанот којшто требаше да почне на 19 септември трае две недели, а на Минхен му носи приход од над една милијарда евра годишно.