Голема површина со сува трева во моментов гори на полињата во близина на населбата Бутел.
Од противпожарната бригада на Скопје информираат дека на терен интервенираат 5 возила и 18 пожарникари.
Причините за пожарот засега се непознати, а од противпожарната бригада најавија повеќе информации во текот на денот.
ФОТО: МИА