До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривичните дела несовесно работење во службата, како и неовластено снимање според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик
Судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово, на предлог од Обвинителството, му определи мерка притвор во траење од осум дена на 43-годишниот лекар анестезиолог од тетовско Одри, кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.
До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривичните дела несовесно работење во службата, како и неовластено снимање според чл. 152 ст. 2 од Кривичниот законик.
„На 15 април 2023 година судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на В. Д. (43) од тетовско Одри му определил мерка притвор од осум дена и ќе биде спроведен во КПУ Затвор ‘Скопје’ за издржување на притворот“,
информираа од СВР Тетово.
Непосредно пред В. Д. да биде лишен од слобода од полициските службеници на СВР Тетово, случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата.