Некои се злонамерни – помалиот дел, а другиот се ненамерни и погрешни, луѓето бараат други видови на услуги, но и во тој случај ги пренасочуваме граѓаните. На овој начин ги растоваруваме останатите служби, како полицијата и итната медицинска помош, вели Ангелов.
На бројот на итни повици – 112 дневно има околу 1 500 јавувања, од кои 80 отсто се лажни, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој денеска на прес-конференција презентираше активностите и достигнувањата на оваа институција, но и проблемите со кои се соочуваат и на кои треба да се работи во иднина.
Во секторот на унифицираниот број за итни повици – 112, Ангелов рече дека вработиле 50 лица и дека граѓаните биле задоволни од услугата. Тој оцени дека секторот 112 функционира одлично и информира дека прима околу 1 500 повици дневно, од кои, како што додаде, за жал 80 отсто се лажни.
„За жал 80 отсто од овие повици се лажни, некои се злонамерни – помалиот дел, а другиот се ненамерни и погрешни, луѓето бараат други видови на услуги, но и во тој случај ги пренасочуваме граѓаните. На овој начин ги растоваруваме останатите служби, како полицијата и итната медицинска помош“,
рече Ангелов.
Ангелов оцени дека благодарение на активностите и заложбите и формирање на тим со идеи, ја подобриле работата на институцијата и ЦУК станал препознатлив кај граѓаните. Тој порача дека и покрај успешното раководење со Центарот, сè уште има сегменти на кои треба да се работи.
„Потребна е мултифункционална специјална единица за потрага и спасување и противпожарна единица, набавка на медикоптери. Во неколку случаи ги користиме полициските хеликоптери, но тие како и армиските имаат друга намена. Нам ни требаат медикоптери, преуредување на законските решенија заради засилено користење на постоечките доброволни спасувачки и планинарски служи, како и целосна обнова на системот за тревожење“,
вели директорот на ЦУК.