Телото на Роберт Кард е откриено во шума во близина на соседниот град Лисабон, каде што полицијата го пронашла неговото напуштено возило веднаш по масовното убиство, пренесува Ројтерс
Осомничениот за масовното пукање во американската сојузна држава Мејн, во кое беа убиени 18 лица, е пронајден мртов, потврди гувернерката на државата Мејн, Џенет Милс.

Потрагата по мажот траеше повеќе од два дена. Осомничениот е идентификуван како Роберт Кард, 40-годишен резервист.
Тој со полуавтоматско оружје нападнал луѓе во ресторан и во куглана вечерта на 25 октомври во градот Левистон. Во престрелката имало 13 повредени.
Според локалните медиуми, Кард најверојатно имал психички проблеми.
Телото на Роберт Кард е откриено во шума во близина на соседниот град Лисабон, каде што полицијата го пронашла неговото напуштено возило веднаш по масовното убиство, пренесува Ројтерс.
И началникот на полицијата во Лустон, Дејв Санпиер, потврди дека Кард е мртов.
Неколку американски медиуми, повикувајќи се на неименувани полициски извори, објавија дека Кард извршил самоубиство со огнено оружје.
„Тој изврши самоубиство“,
изјави Мајкл Сашак, началник на Одделот за јавна безбедност во Мејн.
Според извештаите на американските медиуми, станува збор за најсмртоносното масовно пукање во Соединетите Американски Држави оваа година.