Османи во Киев беше пречекан од македонскиот амбасадор во Украина, Крум Ефремов, кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со другите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Киев, каде што ќе оствари средба со својот украински колега Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина.
Како што соопшти МНР, предвидено е Османи и Кулеба да разговараат за руската воена агресија на Украина и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија, можат да помогнат.
Османи во Киев беше пречекан од македонскиот амбасадор во Украина, Крум Ефремов, кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со другите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.