Османи учествува на НАТО-состанокот на Северноатлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, кој се одржува во Букурешт, Романија
Задоволен сум што овој состанок на НАТО се одржува во Романија, со што испраќаме порака дека регионот околу Црното Море е стратегиски важен за НАТО и се надевам дека денеска ќе испратиме уште една порака, а тоа е дека Западен Балкан е исто така стратегиски важен за НАТО, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи пред денешниот министерски состанок на НАТО во Букурешт.
„Како што очекував, од нашите вчерашни дискусии излеговме уште пообединети во нашиот став за бруталната руска агресија, но исто така и за поддршката на Украина. Како најнова членка на НАТО, Северна Македонија цврсто ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и особено го поддржуваме членството на БиХ и Косово да му се придружат на НАТО“,
рече Османи.
Османи учествува на НАТО-состанокот на Северноатлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, кој се одржува во Букурешт, Романија.
Како што информираа од МНР, во фокусот на разговорите вчера биле актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија, меѓу кои енергетската криза и недостигот на храна, кои предизвикуваат нестабилност во осетливите региони, вклучувајќи го и регионот на Западен Балкан.