Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утре треба да се појави во Хаг на сослушување во Специјалниот суд за воените злосторства во Косово, а од неговата политичка партија тврдат дека тој е повикан како сведок.
„Претпочитам да не одговарам пред државни микрофони на партиски прашања, но еве кратко, тој е повикан во својство на сведок“,
одговори портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на прес-конференцијата која како министер за надворешни работи ја одржа со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Ахмети во Хаг, како дел од ОВК, треба да биде испрашуван во врска со војната на Косово и таму ќе биде на 2 и 3 септември бидејќи меѓународните обвинители побарале да им биде на располагање два дена.