Од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Северна Македонија (АЦВ) претходно преку соопштение информираа дека тим од инспектори од Агенцијата, предводен лично од директорот Драги Стојаноски, извршил повторен увид во доказите и бил спроведен вонреден инспекциски надзор во ТАВ Македонија, во врска со немилиот настан во кој беше инволвирана и претседателката на Косово, Вјоса Османипри што било утврдено дека аеродромските безбедносни служби постапиле професионално и во согласност со меѓународните правила и практики во случајот
Кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи ги отфрли наводите на Агенцијата за цивилно воздухоплоство на Северна Македонија, во врска со инцидентот на аеродромот. Оттаму оценуват дека Република Северна Македонија, со барањето да го скенира телефонот на претседател на друга држава, ги прекршила меѓународните правила кои се применуваат насекаде во светот .
По соопштението на Агенцијата за цивилно воздухоплоство во кое се вели дека службите на аероромот постапиле според меѓународните прописи, од кабинетот на Османи велат дека во ниту една земја во светот од шефот на државата не се бара да го предаде телефонот за скенирање.
„Во други земји не се проверува ниту личниот багаж ниту личната чанта на шефот на државата, а камоли личниот телефон. Како Претседателство имаме доволно искуство од други патувања, нема потреба тоа да го докажуваме, бидејќи никаде, никогаш, ниту личната чанта, ниту куферот (личниот багаж) ниту телефонот на шефот на државата не биле подложни на контрола“,
се вели во соопштението на кабинетот на Османи.
Од кабинетот на Османи нагласуват дека, спротивно од наводите на македонската Агенција за цивилно воздухоплоство нема ништо професионално во однесувањето на обезбедувањето.
„Како што неколку пати изјавивме, претседателката ја предаде на проверка чантата и таа го помина скенерот. Секоја друга изјава е пропаганда за политички цели. Нема ништо професионално во однесувањето на обезбедувањето кое му застанува на патот на шеф на држава и му го блокира движењето откако ќе ја стави чантата во скенерот. РСМ ги прекрши меѓународните правила кои важат насекаде во светот со барањето да се скенира телефонот на претседател на друга земја, што би претставувало потенцијално нарушување на националната безбедност“,
се додава во сооопштението.
Од кабинетот на Османи информираат дека косовската претседателка во Косово не се вратила преку скопскиот аеродром, туку ја сменила маршрутата на патувањето, бидејќи „тимот за обезбедување оцени дека по невидената пропаганда ги нема ниту основните безбедносни услови за такво нешто“.
Од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Северна Македонија (АЦВ) претходно преку соопштение информираа дека тим од инспектори од Агенцијата, предводен лично од директорот Драги Стојаноски, извршил повторен увид во доказите и бил спроведен вонреден инспекциски надзор во ТАВ Македонија, во врска со немилиот настан во кој беше инволвирана и претседателката на Косово, Вјоса Османипри што било утврдено дека аеродромските безбедносни служби постапиле професионално и во согласност со меѓународните правила и практики во случајот.
„При првичниот увид констатирано е дека аеродромските служби надлежни за безбедносни проверки, во склоп на своите работни обврски постапувале професионално и придржувајќи се до правилата кои се наметнати согласно имплементираната меѓународна регулативата, не дозволувајќи заобиколување на стандардите и процедурите дури и под притисок на лицата кои биле во придружба на патникот“,
се вели во соопштението на Агенцијата за цивилно воздухоплоство на Северна Македонија.
Од АЦВ додаваат дека доколку службениците во ТАВ Македонија постапиле различно од пропишаните правила и дозволиле пропусти и заобиколување на пропишаните процедури истите ќе се соочеле со сериозни санкции од Агенцијата како тело надлежно за нивна регулација.
„Со оглед на тоа што се работи за општо прифатени меѓународни стандарди, доколку било кој се сомнева во нивната веродостојност, препорачуваме истата пракса да ја примени на некој од европските меѓународни аеродроми како би можеле да се уверат во нивната примена“,
изјавија од Агенцијата.