Следната недела во посета ќе дојдат министри од Франција, Германија и Полска, најави министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостување на ТВ 24. Без да открие повеќе детали Османи со фокусираше на пораките на министерската тројка која денес беше во посета на Скопје на средби со власта и со опозицијата.
„Денеска дојде Европската Унија во Скопје, бидејќи очигледно одењето во Брисел не беше доволно за да им каже на опозицијата дека не можевме да добиеме подобар договор, второ нема да може никој и никогаш да смени една запирка од преговарачката рамка. Никогаш нема да може да се смени преговарачката рамка, затоа што е изгласана од 27 членки, за да се смени сите треба да кажат да, треба да каже и Бугарија,“
рече Османи.
Според Османи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заминал во Брисел убеден дека ќе ја промени рамката, но добил силна порака поради која не излегол на ниту една конференција поврзана со посетата. Според нег во политиката некогаш справувањето со предизвиците изискува непопуларни чекори.
„Ако прекинеме со преговорите заради неуспешни уставни измени, ЕУ ќе ни речат решете ги односите со Бугарија после да продолжиме. Што значи тоа?! Тоа значи дека со Бугарија ќе треба се да решиме и историски комисии, протоколи, договори, па после да продолжиме, а шансата ни е преку уставни измени да влеземе веднаш во машината. Министерот Шаленберг затоа рече последната пречка, Бугарија постојано нешто ќе реагира, зборува, но ќе нема аргумент за да блокира и убеди 26 членки,“
порача шефот на дипломатијата.
Министерот оцени дека пораките на тројцата министри за надворешни работи кои беа изнесени на денешната конференција во ЕУ Делегацијата не се заканувачки, туку предупредувачки.