Новиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска имал телефонски разговор со бугарската колешка Екатерина Захариева, соопштија од МНР.
Двајцата се договориле да го интензивираат дијалогот помеѓу двете земји.
„Министерката Захариева му упати честитки за изборот на министерот за надворешни работи Османи и му посака успех во вршењето на должноста. Двајцата министри се согласија за потребата од интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа во претстојниот период“,
соопшти МНР.
Османи, велат оттаму, ја потенцирал важноста што Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со Бугарија, како и дека тоа е од заемен интерес за граѓаните на двете земји, за регионалната динамика на добрососедски односи и за евроинтегративните процеси.