Откако копретседавачот од бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров денеска кажа дека Северна Македонија во моментот не се однесува како кандидат за членство во Европската унија, министерот за надворешни работи на земјава Бујар Османи му порача да се занимава со историја а не со политика, бидејќи самиот Димитров е историчар а не политичар.
„Ангел Димиров очигледно покажува некоја политичка амбиција, но, уште еднаш да кажам да се концентрира на следниот состанок на историската комисија, да се подготвува, бидејќи има кој да зборува за политиката”,
рече Османи.
Димитров претходно за емисијата „Брисел 1“ на ТВ „Бугарија Он еир“, кажа дека земјава не се однесува како кандидат за членство во ЕУ.
Ангел Димитров денеска изјавил дека во моментов, Република Северна Македонија не се однесува како кандидат за членство во ЕУ.
“Самото потсетување на ЕУ до Северна Македонија, иако со една фраза, дека мора да го почитуваат Договорот за добрососедство со Бугарија, ширум ја отвора вратата за нашите приговори и барања кон земјата”,
изјави Димитров.