Османи: Министрите од ДУИ ќе задржат само минималец од платата, остатокот ќе го донираат
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, објави дека министрите, замениците-министри и државните секретари во Владата од редовите на ДУИ одлучиле од платата да задржат само 14 500 денари, а остатокот да го донираат во солидарниот фонд за борба против ковид-19.
„Одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но солидарноста е лично право и морална должност на секој од нас. Ние, министрите, замениците министри и државните секретари во Владата, кои доаѓаат од редовите на ДУИ, одлучивме разликата на нашите примања, над минималната плата, да го донираме во солидарниот фонд на Владата. Борбата против ковид-19 сигурно ќе ја добиеме, но важно е притоа секој од нас да излезе подобар од истата“,
објави Османи.

Платите на вицепремиерот и министрите се движат од 65-75 000 денари.
Ваквиот чекор следува откако вчера Уставниот суд реши да поведе постапка за оценување на уставноста и дотогаш да ја запре Уредбата на Владата со која во април и мај минимална плата требаше да земат сите избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор – пратеници, шефот на државата, министри, градоначалници, судии, обвинители…
*Поврзани вести:
Уставен го запре минималецот за функционерите, судиите и обвинителите
Влада: Одлуката на Уставен за минималецот е скандалозна
Уставен: Одлуката за платите е донесена едногласно, Владата треба да ја почитува
Наместо минималец, на уставните судии ќе им останат платите од над 90 илјади денари
Антикорупциска не гледа судир на интереси што уставните судии го запреа минималецот