Во октомври сите во ЕУ проценија дека земјава е подготвена за почеток на преговори, посочи денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.
„Во 2020 има три одлучувачки самити. Ние работиме за оној во 26 март. Редовните извештаи на ЕУ се во април. Од ЕУ сакаат да објават вонреден извештај во февруари за да има основа на што да се донесе одлуката на самитот во мај. Но нивниот став е дека нема по секоја цена да се оди на извештај доколку не се почувствува клима дека не може да се донесе одлука во март, за да не се случи уште една препорака да заврши неуспешно во март и дополнително ќе ги зголеми фрустрациите кај луѓето“,
изјави Османи.
„Ние не ретерираравме од октомври за да ја сменат оценката за нас, а тоа е дека сме поподготвени од која било земја во историјата на ЕУ што почнувала со преговори“, кажа Османи.
Денеска во земјава ќе престојува еврокомесарот за проширување Оливер Вархели на средби со највисоките државни претставници и со лидерите на двете најголеми политички партии. Целта според најавите е да направи увид во реформското досие на земјава и консултација со владините претставници за новата нацрт-методологија за пристапните преговори со ЕУ.