Мислам дека како што завршува дебатата луѓето се порелаксирани за самиот процес. Гледате, нема реакции. Кога беше парламентарната седница немаше протести. Да имаше реална загриженост луѓето ќе излегоа и ќе протестираа како што вчера што протестираа, истакна Османи во Тетово
Нема реална загриженост кај луѓето. За уставните измени сè повеќе има поддршка од страна на граѓаните, оцени денеска во Тетово министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Граѓаните станаа заложници на сите нивни сетила со најнечовечната пропаганда против нив. Лажејќи дека ќе го изгубат идентитетот, лажејќи дека ќе се бугаризираат. Беше многу важно да се отвори комплетна дебата што се уставните измени. Мислам дека како што завршува дебатата луѓето се порелаксирани за самиот процес. Гледате, нема реакции. Кога беше парламентарната седница немаше протести. Да имаше реална загриженост луѓето ќе излегоа и ќе протестираа како што вчера протестираа. Што значи дека цело ова спротивставување има политичка позадина во служба на следните парламентарни избори. Има фрустрации, има незадоволства, но мислам дека како што оди дебатата и објаснуваат процесите, луѓето се порелаксирани секој ден повеќе и мислам дека многу бргу ќе стигнеме до точката каде што ќе има поширока поддршка“,
исткна Османи во Тетово, каде што денеска се одржа првата Конференција на ОБСЕ за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените.
Одговарајќи на новинарски прашања, Османи нагласи дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, оценувајќи дека тоа е затворено прашање.
„До последниот ден на овој парламентарен состав ќе продолжиме со напорите за уставните измени. Мислам дека целта на опозицијата е оваа тема да ја држи, да не ја затвори поради изборите, поради тоа што сакаат да ја имаат како главна тема во изборната кампања – емоциите околу спорот со Бугарија. Бидејќи без оваа тема ќе треба да излезете со изборна програма, ќе треба да излезете со економска, со социјална програма, образовна програма. Овде имате една тема со која луѓето се емотивно поврзани и тогаш полесно ќе ги злоупотребите емоциите на луѓето за изборна кампања. Јас сум свесен дека постои една критична точка за насоката на иднината на државата, но поради изборните интереси на политичка партија нема да ја ризикуваме иднината на земјата“,
дециден беше Османи.
Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во Тетово се одржа првата Конференција за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените.