Според информации на МВР, во грабежот учествувале две лица кои, заканувајќи се со оружјето, успеале да земат пари од вработен во обложувачницата
Оружен грабеж утринава се случил во обложувачница во Општина Бутел.
Според информации на Министерството за внатрешни работи (МВР), во грабежот учествувале две лица кои, заканувајќи се со оружјето, успеале да земат пари од вработен во обложувачницата.
Случајот во полиција бил пријавен околу 10 часот утринава.
Дел од медиумите претходно објавија дека е извршен грабеж во објект спроти Трговскиот центар „Скопјанка“ во Општина Аеродром и дека на терен се повеќе полициски екипи.
Од МВР велат дека таков случај не е пријавен кај нив.