Бројот на починати од последица од ковид-19 во Шпанија во последните 24 часа изнесува 102, што е најмала бројка од средината на март, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Во Шпанија од новиот коронавирус досега починаа 27 563 луѓе, а 230 698 се заболени. Болеста ја победиле 188 967 лица.
Шпанија е втора земја во светот, а прва во Европа по бројот на инфицирани и починати лица од последици од ковид-19.