Од синоќешното невреме проследено со град и и дожд, поплавени се неколку објекти во Кочани, а пријавени се и паднати дрва по улиците и коловозите, како и скинати кабли од електрични линии
Општина Кочани ги повикува граѓаните кои претрпеле материјална штета од синоќешното невреме да поднесат пријава за проценка на штетата во Општина Кочани, поточно во Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди (поплава и тоа најдоцна до 01. 08. 2022г.
„Образецот на пријавата за штета можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштината или да го симнат од веб страната на Општина Кочани. Кон пријавата во прилог да приложат копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, фотографии од настанатата штета (доколку имаат)“,
велат оттаму.
Од синоќешното невреме проследено со град и и дожд, поплавени се неколку објекти во Кочани, а пријавени се и паднати дрва по улиците и коловозите, како и скинати кабли од електрични линии.
Во текот на ноќните и утринските часови се интервенирало на повеќе улици и локации во градот на испумпување на вода и средување на просторот од паднати дрвја, како и две помали противпожарни интервенции.