Општина Битола во соопштение до јавноста информира дека граничните вредности на ПM 10 честичките два дена го надминуваат прагот од 100 µg/m3.
„Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности , маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12. 2017 ) во кој е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM 10) надминување на вредноста од 100 µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат во мерната станица Битола 1“,
се вели во соопштението.
Од Општината посочуваат дека вчера вредноста на ПМ 10 честичките била 102, 634 µg/m3, а денеска 127, 214 µg/m3.
Од Општината апелираат граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во случај на надминување на прагот на информирање за ПM 10.
„Да се користи јавниот превоз; возилата да не се користат без поголема потреба; да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ-амбалажа, парчиња гума или било кој друг синтетички материјал; правилно да се користат печките на дрва“,
се вели во соопштението.
