Сепак, од Канцеларијата за човекови права велат дека ова се податоци за кои имаат потврда, а реалните бројки може да се и повисоки
Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации го ажурираше бројот на жртви во Украина за кои има потврда, од почетокот на руската инвазија, на 24 февруари.
Се вели дека најмалку 364 цивили се убиени, меѓу кои 25 деца, а 759 се повредени.
Но, се додава, реалните бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“.
„Повеќето регистрирани цивилни жртви се предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широк опсег на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќе лансирање, како и ракетни и воздушни напади“,
велат од канцеларијата.