Израелската влада се согласи на договор со Хамас за ослободување на 50 жени и деца држени како заложници од палестинските милитанти во Газа во замена за четиридневен прекин на непријателствата и ослободување 150 Палестинци од израелските затвори
Договорот меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа е важен чекор во вистинската насока, но останува уште многу да се направи, изјави денеска портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН).
„Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на Катар и поддржан од Египет и САД. ОН ќе ги мобилизираат сите свои капацитети за да помогнат во спроведувањето на договорот и максимално да го искористат позитивното влијание на договорот врз хуманитарната ситуација во Газа“,
рече портпаролот.
СЗО: Договорот не е доволен
И шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, исто така, го поздрави договорот, додавајќи дека тој не е доволен да се стави крај на страдањата на цивилите.
Гебрејесус бара ослободување на сите заложници и да се обезбеди здравствена заштита за сите останати во заробеништво, во очекување на нивното ослободување. Тој исто така повикува на прекин на огнот „за да можеме навистина да им помогнеме на луѓето во Газа, на подолг временски период и во целосна безбедност“.
We welcome the announcement of the Israel-Hamas agreement for 50 Israeli hostages to be released. My thoughts are with the families, some of whom my @WHO colleagues and I met with in recent weeks.
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) November 22, 2023
We also welcome the 4-day pause in fighting that will allow more aid to be safely…
За потсетување, израелската влада се согласи на договор со Хамас за ослободување 50 жени и деца држени како заложници од палестинските милитанти во Газа во замена за четиридневен прекин на непријателствата и ослободување 150 Палестинци од израелските затвори.
Хамас држи околу 240 заложници, приведени на 7 октомври, кога неговите борци го нападнаа Израел и убија околу 1 200 луѓе, главно цивили. Појасот Газа, откако Израел прогласи воена состојба, е под постојани израелски напади. Според Хамас, 14 000 Палестинци се убиени во израелските напади.
* Поврзани вести:
- ЕУ го поздрави привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас: Ќе ја искористиме паузата за да обезбедиме повеќе помош за Газа
- Бајден: Договорот ќе ги олесни страдањата на Палестинците во Газа и ќе ги спаси американските заложници
- Како ќе бидат ослободувани заложниците од Хамас, Израел се подготвува за нивен пречек
- Хамас: Примирјето стапува во сила утре во 10 часот