Бирото за заложници, затвореници и исчезнати лица има изготвено наредба за операции што ќе следуваат кога ќе се постигне договор за заложниците, односно кога ќе се вратат во Израел
Семејствата на киднапираните Израелци нетрпеливо го чекаат ослободувањето на нивните најблиски, а веќе е објавен редот на операциите по договорот за ослободување на заложниците, пренесува „Јерусалем пост“.

Израелските медиуми јавуваат дека првата група заложници би можеле да бидат ослободени в четврток.
Еден од главните приоритети на Израел за време на војната против Хамас беше да се постигне договор за враќање на заложниците во Израел.
„Враќањето на затворениците е света мисија. Ние сме длабоко обврзани на тоа и се занимаваме со ова прашање секој ден. Нема да ги запреме нашите напори додека не ја завршиме мисијата“,
изјави вчера израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Бирото за заложници, затвореници и исчезнати лица има изготвено наредба за операции што ќе следуваат кога ќе се постигне договор за заложниците, односно кога ќе се вратат во Израел.
Првата наредба од постапката предвидува израелските одбранбени сили (ИДФ) да ги примат заложниците и да ги доведат во Израел, каде што ќе им биде укажана итна медицинска помош.
Заложниците ќе добијат првична медицинска проценка од медицинските власти, а потоа ќе бидат префрлени во следните водечки болници низ земјата: Медицинскиот центар „Шеба“, Медицинскиот центар „Сураски“, Детскиот медицински центар „Шнајдер“, Медицинскиот центар во болницата „Рабин-Бејлинсон“ и Медицинскиот центар „Сорока“.
Кога заложниците ќе стигнат до болниците, таму ќе ги пречекаат нивните семејства кои со нетрпение го чекаа нивното враќање.
Засега не е позната состојбата на заложниците. По првичната грижа, понатамошно лекување на заложниците во дополнителни комплекси одобрени од Министерството за здравство ќе им се даде деноноќна медицинска нега.
Откако ќе добијат медицински третман и помош, се очекува заложниците подоцна да бидат испитани од обучени истражители на Агенцијата за безбедност на Израел.
Последната фаза од планираните операции е префрлање на поранешните заложници на заштита на Министерството за социјална заштита, под надзор на директорот за заложници, исчезнати лица и повратници.
Таму ќе бидат придружувани во процесот на рехабилитација.
Социјалните работници ќе патуваат кај секој заложник веднаш по напуштањето на болницата.
За секој човек и семејство ќе биде прикачен постојан социјален работник кој ќе се грижи за сите нивни потреби.