По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат дејства во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачења со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, велат од Јавното обвинителство
Засега нема официјални информации што е предмет на предистражната постапка и дејствијата на полицијата. Дел од медиумите објавуваат дека акцијата доаѓа по информации објавени во јавноста дека вработени лица незаконски препродаваат лекови на пациенти
Акцијата на Министерството за внатрешни работи се одвива во моментов на Клиниката за онкологија во Скопје.
Од Јавното обвинителство потврдија дека во тек е акција на Клиниката и во неа се прибираат докази во рамки на предистражна постапка.
„По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат дејства во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачења со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“,
велат од Јавното обвинителство.
Засега нема конкретни информации што е предмет на предистражната постапка и дејствијата на полицијата.
Дел од медиумите објавуваат дека акцијата доаѓа по информации објавени во јавноста дека вработени лица незаконски препродаваат лекови на пациенти.
Неделникот „Фокус“ минатиот месец објави серија текстови за постоење на разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање на скапи лекови – цитостатици. Во мрежата, наводно биле вкучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката.
Во системот, според пишувањата на неделникот, се внесувале фиктивни пациенти, а на дел од вистинските пациенти им се давала половична терапија и на тој начин скапата биолошка терапија завршувала на црниот пазар.
Од фотографиите што ги објави ТВ Телма, пред Клиниката за онкологија е забележително присуството на полициски возила.