Иако од Обвинителството директно не наведуваат кое е лицето за кое се бараат мерки за претпазливост, извесно е дека се работи за ексминистерот за економија и актуелен амбасадор во Норвешка, Дритон Куќи. Во моментот на отворање на истрагата тој беше надвор од државата. За другите 18 лица опфатени во проширената истрага, ОЈО Кочани предложи, а Судот одобри определување притвор и мерки на претпазливост
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани до кочанскиот суд достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот од групата осомничени со кои беше проширена истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“. Иако од Обвинителството директно не наведуваат кое е лицето за кое се бараат мерки за претпазливост, извесно е дека се работи за ексминистерот за економија и актуелен амбасадор во Норвешка, Дритон Куќи.

Во моментот на отворање на истрагата Куќи беше надвор од државата. За другите 18 лица опфатени во проширената истрага, ОЈО Кочани предложи, а Судот одобри определување притвор и мерки на претпазливост.
За четворица од осомничените Основниот суд во Кочани изрече мерка 30-дневен притвор, шест лица добија куќен притвор, а за осум лица се изречени мерки за претпазливост.
По информацијата дека полицијата го бара како осомничен во истрагата за пожарот во Кочани, амбасадорот Куќи објави дека со првиот лет ќе се врати во Скопје.