За 37 лица, кои не го почитувале полицискиот час во Скопје, Основното јавно обвинителство предложи казни од по 2 000 евра, соопшти ОЈО Скопје.
Сите обвинети биле затекнати како се движат на различни локации во градот за време на полицискиот час, што е казниво по член 206 став 1 од КЗ за непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.