Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Од 9 часот утринава, сообраќајот на патот Маврово – Дебар се одвива по една коловозна лента, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Причина за ваквиот режим на сообраќај е поради одрон на патот пред селото Жировница.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола и 200 метри во Македонски Брод.
Од АМСМ апелираат до возачите за приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.