Доколку нема конкретно решение веројатно одлуката ќе биде донесена во Скопје. Дали тоа ќе биде друга земја членка, дали ќе биде Северна Македонија ќе одлучи министерскиот совет во Скопје, а јас се надевам дека сите министри за надворешни работи ќе успеат да бидат присутни, вели министерот Османи

Сè уште е неизвесно која земја ќе биде идниот претседавач со ОБСЕ. Актуелниот претседавач и македонски шеф на дипломатијата Бујар Османи вели дека е во постојана комуникација со другите министри за надворешни работи и очекува дека идната недела ќе бидат расчистни одредени дилеми за да може да се зборува за конкретно решение за иден претседавач.
„Доколку нема конкретно решение веројатно одлуката ќе биде донесена во Скопје. Дали тоа ќе биде друга земја членка, дали ќе биде Северна Македонија, ќе одлучи министерскиот совет во Скопје, а јас се надевам дека сите министри за надворешни работи ќе успеат да бидат присутни“,
рече Османи во денешната изјава за медиумите.
Дека идинината на ОБСЕ, најверојатно ќе се решава во Скопје, Османи спомена и минатата недела, кога на брифинг со новинарите, рече дека постои можност одлуката за ОБСЕ да биде донесена токму во Скопје и дека министерскиот годишен собир е можност за дијалог на шефовите на дипломатиите на најголемите земји во светот да комуницираат за прашања за регионот на ОБСЕ. Скопје, како што рече Османи, ќе биде центар на светот.
За тоа дали С Македонија ќе прифати и во 2024 година да биде претседавач, Османи рече дека ако се исцрпат сите варијанти да не може да се обезбеди друга замја, тогаш Северна Македонија, и покрај сите потешкотии, нема да дозволи организацијата да остане без претседавач.
На денешното новинарско прашање зошто не отпатувал во Брисел, на состанокот на министрите за надворешни работи „ЕУ-Западен Балкан“, Османи рече дека таму е заменик-министерката за надворешни работи.
„Поради двата голeми настани на ОБСЕ што се оджуваат денеска и утре во Скопје, а тоа е за невладините организации и за младинскиот форум, во Брисел ја пратив заменик-министерката за надворешни работи. Темата во Брисел, на која се поканети министрите од Западен Балкан е поврзан со случувањата во Блискиот Исток и во Укарина. Во тој дел Министерството за надворешни работи има јасен став. Мислам дека во Извештајот на Европската комисија најдобро рангирано беше надворешната политика бидејќи имаме целосна стопроцентна усогласеност и беше квалификувано со највисока оценка-добар прогрес во делот на надворешната политика“,
рече Османи.