На огласот, како што претходно објавија дел од медиумите, се пријавиле двајца судии од Основниот кривичен суд во Скопје, Ненад Савески и Оља Ристова, судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, судијката Едита Насковска од Управниот суд, како и актуелниот заменик-директор на Академијата, Илир Исени, чија судиска функција е во мирување. Од редовите на обвинителите пријавени се Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје и Ирина Трајкоска-Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола
Поради отсуството на претставник од Министерството за правда од здравствени причини, денеска се одложи седницата на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на која беше предвидено да се именува нов директор на Академијата.
Како што информираше членот на Управниот одбор, Зоран Герасимовски, согласно Законот за Академија за судии и јавни обвинители, одлуките од круцијално прашање како што е избор на директор на Академијата се носат со мнозинство гласови од вкупниот број на членови, што не можеше да се реализира бидејќи членот од Министерството за правда не се појави.
По барањето на Герасимовски, седницата беше одложена за в понеделник, 14 октомври, од 15 часот, како последен ден за избор.
Јавниот оглас за избор на директор на Академијата беше објавен на 26 август годинава откако поранешната директорка, Наташа Габер-Дамјановска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата кон средината на јули.
По истекот на рокот за пријавување од 15 дена, сметано од денот на негово објавување во Службен весник, на огласот се пријавиле вкупно петмина судии и двајца обвинители.
На огласот, како што претходно објавија дел од медиумите, се пријавиле двајца судии од Основниот кривичен суд во Скопје, Ненад Савески и Оља Ристова, судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, судијката Едита Насковска од Управниот суд, како и актуелниот заменик-директор на Академијата, Илир Исени, чија судиска функција е во мирување. Од редовите на обвинителите пријавени се Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје и Ирина Трајкоска-Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола.
