Првичниот план беше да се евакуираат повеќе од 15 000 цивили од регионот за време на привремениот прекин на огнот, кој започна во 07:00 часот по Гринич
Само 400 луѓе биле евакуирани од градот Волноваха и околните населени места за време на денешниот краткотраен прекин на огнот, соопштија украинските власти.
Првичниот план беше да се евакуираат повеќе од 15 000 цивили од регионот за време на привремениот прекин на огнот, кој започна во 07:00 часот по Гринич.
„Иако имавме намера и неопходен транспорт да евакуираме многу повеќе луѓе, моравме да го запреме движењето на колоната, бидејќи Русите повторно почнаа безмилосно да ја гранатираат Волноваха и беше многу опасно да се движиме“,
изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.
Евакуацијата е прекината и во другиот град Мариупол, поради постојано гранатирање и загрозена безбедност на цивилите.
И додека украинските власти за ова ги обвинуваат руските сили, Москва тврди дека безбедноста на цивилите ја загрозуваат украинските националисти кои не сакаат тие да ги напуштат градовите.
Хуманитарните коридори за евакуација на цивлите од овие два града се договорени на последната рунда преговори, а тие требаше да бидат проследени со прекин на огнот.