Грчката влада воведе нови и поригорозни мерки за заштита од коронавирусот. Од утре кај нашиот јужен сосед ќе бидат затворени сите трговски центри и угостителски објекти, освен оние кои се занимаваат со достава на оброци.
Ќе работат и пекарниците и слаткарници, но само тие кои немаат маси и столчиња.

Министерот за здравство Василис Кикилиас истакна дека причината за заострувањето на мерките се должи на желбата да се извојува победа во битката со индивидуалната одговорност и колективната свест.
Освен непочитувањето на апелите за почитување на саморестриктивните мерки, како друга причина која ја навел Кикилиас е појавата на случаи во области на Грција каде претходно не постоела зараза.
Според најновите податоци, меѓу 190 заразени се 11 лица од Атина, за кои официјално не постои податок како се заразиле, односно за нив се уште не е познат изворот на вирусот. Тоа се лица кои се разболеле, а ниту излегле од дома, ниту имале контакт со заразени, пишува грчкиот весник Катимерини.