Граничниот премин „Евзони“ од утре се отвора за сите државјани на С Македонија, но за влез потребно ќе биде приложување на негативен ПЦР-тест, писмен доказ за две дози вакцини против ковид или позитивен резултат за антитела.
Оваа информација денеска ја потврдил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев во Атина.
„Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин ‘Евзони’ за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела“,
напиша Заев на својот фејсбук профил.