Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Бензинот еуросупер БС-98 и еуродизел (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за 0,50 денари по литар, а екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари. Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 83,50 денари, еуродизел (Д-Е V) за 81,50, а екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе чини 81,00 денар.
За 0,883 денари се намалува цената на мазутот М-1 и еден килограм ќе изнесува 46,291 денари.