Изминативе недели, тврди Бислимоски, има голем пад на цените и тоа е поради паѓање на цената на светските берзи и намалување на курсот на доларот
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, најави ново намалување на цените на дизелот и бензините еуросупер 95 и 98.
Дизелот и еуросупер 98 ќе се намалат за еден и пол денар, додека Еуросупер 95 за еден денар.
Тоа значи дека новата цена на дизелот и Еуросупер 98 ќе биде 78 денари, на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари по литар.
Изминативе неколку недели, вели Бислимоски, цените се паднати за 30 денари.
„Изминатите две до три недели, пред сè поради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на нафтените деривати за повеќе од 30 денари. Тој тренд продолжува и денес. И денес ќе има намалување на целата за дизелот за еден и пол денар, и на 98 за еден и пол, а на деведесет и петката за еден денар“,
вели претседателот на РКЕ.