Новата цена на еуросупер БС-98 ќе биде 92 денари
Бензинот еуросупер БС-98 од полноќ се намалува за два денара, а цените на бензинот еуросупер БС-95, на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуросупер БС-98 ќе биде 92 денари.
За 1,660 денари поевтинува и мазутот М-1 НС, а еден килограм ќе чини 45,962 денари.