Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) напоменуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени
Од полноќ цената на дизелот се зголемува за еден денар по литар, додека цените на бензините остануваат исти, односно денеска нема да се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
За еден денар се зголемува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство, додека за 0,323 денари по килограм се намалува цената на мазутот.
Па така, од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 – 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС – 98 – 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) – 86,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 84,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 54,640 (денари/килограм)
Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 проценти во однос на минатонеделната одлука од 23.05.2022 година.
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807 отсто, кај дизелот за 3,943 отсто, кај екстра лесното масло за 3,308 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,135 отсто.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,602 отсто“,
информираат од РКЕ.
Од Регулаторна напоменуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.