Брисел е единствениот град во Белгија засега што го презема овој чекор поради исклучително лошите бројки на вакцинирани во регионот и поради растот на бројот на новозаразени
Од октомври и вo Брисел ќе биде потребен доказ за вакцинација, прележан ковид или негативен ПЦР-тест за да се влезе на јавни места и собири, јави МИА од Брисел.
Сертификатот ќе го носи името “Ковид сејф тикет“ или КСТ и ќе се бара во дискотеки, ресторани, кафулиња (но не и терасите), спортските центри, културните објекти и настани со над 50 лица, како и на сите други настани со 50 лица во затворена просторија или 200 лица на отворено. Ќе се бара и во установи за ранливи лица како пензионерски домови и хотели.
Брисел е единствениот град во Белгија засега што го презема овој чекор поради исклучително лошите бројки на вакцинирани во регионот и поради растот на бројот на новозаразени.
Сертификатот ќе се бара од почетокот на октомври, а од средината на месецот ќе почнат и редовни контроли со санкции за објектите и гостите што не ги почитуваат правилата.