За 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија денеска заврши престојот во државен карантин.
Од владата оценија дека за првите 160 граѓани успешно заврши државниот карантин, со оглед на тоа што никој од нив досега нема симптоми на ковид-19.
Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите, велат од владата.