Со ова се унифицираат антиепидемиските мерки во целата државата, поради фазата на ширење на ковид-19 во моментов, кои ќе важат до 18 август
Во Бугарија од денеска заштитните маски се задолжителни само во медицински установи, аптеки, оптики, специјализирани установи за давање социјални услуги и во социјални услуги од резиденцијален тип за деца и возрасни.
Маски ќе бидат потребни и при користење на јавен превоз и престој на соодветните постојки/станици кои се во затворени простории. Исклучок од условот за носење заштитна маска е за деца до 6 години.
Со ова се унифицираат антиепидемиските мерки во целата државата, поради фазата на ширење на ковид-19 во моментов. Мерките ќе важат до 18 август.
Претходно, на почетокот на овој месец, во Софија беа воведени посебни антиепидемиски мерки, според кои маските повторно се задолжителни за затворените јавни простори, но со некои исклучоци – не важат за оние кои спортуваат во затворени простории, за персоналот и клиентите на прехранбените и забавните објекти и за децата до шестгодишна возраст.
Во однос на големите комерцијални објекти, од типот на трговски центар, граѓаните треба да носат заштитни маски за лице при посета на индивидуални трговски објекти во рамките на трговскиот центар, но не и во заедничките простории.
Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани 1 636 нови случаи на коронавирус, а починале девет пациенти.